Утрински Весник
Македонија

Обвинителството истражува татко и син од Богородица за трговија со марихуана

Obvinitelstvo 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица татко и син од гевгелиското село Богородица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Обвинителството, при претрес извршен со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември, биле пронајдени околу 150 грама марихуана во различни пакувања, семки од канабис, метални и пластични грендери, две дигитални ваги, три бонга, како и шатор со електрична инсталација, светилки, ламби и уреди за мерење температура, кои биле користени за претходно производство на наркотичната дрога марихуана.

-Осомничениот син, пак, посредувал во купопродажбата на марихуаната. Дрогата која ја зел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на дедо му каде престојувал. Кога полициските службеници отишле и таму да вршат претрес, тој ја заклучил влезната врата, наркотичната дрога ја фрлил во ВЦ шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од дрога, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност за попречување на кривичната постапка преку влијание врз сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гевгелија доставил предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост привремено одземање на патните исправи.

Можете да прочитате

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот

УХМР: Од среда расчистување на маглата

Зголемен број случаи на грип во Македонија