Утрински Весник
Скопје

Завршена целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

Aerodrom.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

М-НАВ соопшти дека денеска успешно се финализирани преостанатите градежни активности поврзани со целосната демонтажа на преостанатите делови од стариот радар на Меѓународниот аеродром Скопје. Како што информираат од компанијата, работите биле изведени во услови на магла и намалена видливост, период кој бил искористен за безбедно и ефикасно завршување на активностите, без нарушување на одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со завршувањето на оваа фаза се заокружува процесот на отстранување на стариот и нефункционален радар, што претставува предуслов за продолжување со активностите за инсталација на нов, современ радарски систем. Од М-НАВ посочуваат дека и понатаму остануваат целосно посветени на одржување на безбедноста и непречениот тек на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани проекти.

Можете да прочитате

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

(Видео) Граѓаните го „окупираа“ Водно во потрага по чист воздух

Го поминвме и Сараево – Скопје утрово назагаден град во Европа