
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Дополнителен проблем за возачите претставуваат временските услови. На овој патен правец има појава на густа магла, која значително ја намалува видливоста.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Извор: fokus.mk



