Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла

Magla.jpg

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Намалена видливост поради магла од 100 до 200м. има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50м. има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

МВР и ОЈО на терен, истрага по рекордната заплена на марихуана

Димитриевски: Јас од плата не живеам, немам проблем со намалување на функционерските примања

Во Македонија од 61 лиценцирана фирма, на 14 им е одземена дозволата за производство на канабис