Утрински Весник
Балкан

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Berisha.webp.webp

Лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, по средбата со претставниците на Обединетата опозиција, обвини дека социјалистите го уништиле Парламентот, кој според него „повеќе не постои“.

Тој зборувајќи за националните протести, кои почнуваат на 22 декември, најави дека ќе бидат „диверзифицирани со штрајкови со глад“.

– Нашите протести ќе бидат диверзифицирани со штрајкови со глад, во сите форми. Сè додека не ја исполниме нашата мисија, уривање на нарковладата и формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори. А ние сите сме решени да ја исполниме таа мисија заедно со граѓаните, нагласи Бериша.

Тој порача дека „со овој режим, стабилните протести, стабилните бунтови се од витално значење“, зашто тоа се „формите што ја соборуваат наркодиктатурата“.

– Ова е диктатура за која гарантирам дека е подива од онаа до 1991 година. Многу е важно да се заложиме за оваа битка, опозицијата е единствената надеж за спас на Албанија и Албанците, нагласи Бериша.

Во обединетата опозиција, предводена од Демократската партија, се и Партијата на слободата на поранешниот шеф на државата, Илир Мета, Републиканската партија на Фатмир Медиу и уште дваесеттина помали партии.

Можете да прочитате

БиХ утрово ја погоди земјотрес, потресот почувствуван во поширокиот регион

„Риба-зајак“ касна жена во популарно грчко летувалиште

Вучиќ го „одврза“ ќесето: Најави ваучери за одмори, еднократна помош и раст на платите и пензиите