
Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општината Бутел поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД.
Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубанци, поточно делот кон Црквата „Св.Јован“ во Општина Бутел.
Од РЦУК посочуваат дека без електрична енергија во недела од 8 до 13 часот ќе бидат корисниците од дел од ул.„Џон Кенеди“, (корисниците во околината на Веро-Маркет) и дел од ул.„Кемал Сејфула“, корисниците во близина на стадионот во Општина Чаир.



