Утрински Весник
Економија

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

20251219155726 big 730x400 63.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.

„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди”, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.

„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија”, објасни премиерот.

Можете да прочитате

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти

На следната недела седница на ЕСС се очекува да стане збор и за минималната плата