Утрински Весник
Македонија

Уапсени сопственици и управители на златара – Сомнение за даночно затајување тешко 64,9 милиони денари

Zlatara.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.А. и Д.Х., во својство на сопственици и управители на правниот субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Даночно затајување” од член 279 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот Б.А. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект, во периодот 2020 – 2023 година присвоил за себе трговска стока – златен накит во вредност од 197.742.227 денари, при што не пресметал, не пријавил и не уплатил ДДВ по даночна стапка од 18% во вкупен износ од 35.593.601 денар и Данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во вкупен износ од 21.969.161 денар, притоа придизвикувајќи штета на буџетот на РСМ во вкупен износ од 57.562.762 денари.

Второпријавениот Д.Х. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје во 2024 година со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект, во текот на 2024 година дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро во износ од 2.628.932 денари како и сметководствено евидентираниот кало-растур во грама 7.822,61, односно во износ 22.659.754 денари, ги присвоил за себе, на кој начин избегнал да пријави, пресмета и плати ДДВ по даночна стапка од 18% во вкупен износ од 4.551.963 денари и данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во вкупен износ од 2.809.573 денари, притоа предизвикувајќи штета на буџетот на РС Македонија за 2024 година во вкупен износ од 7.361.536 денари.

Со преземените дејствија пријавените во периодот 2020 – 2024 година се стекнале со противправна имотна корист за себе и за третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, со што го оштетиле Буџетот на Р. Северна Македонија во вкупен износ од 64.924.298 денари.

По насоки на Основно јавно обвинителство Скопје во текот на денешниот ден од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција пријавените лица се лишени од слобода.

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус