Утрински Весник
Македонија

ОЈО отвори истрага за разбојничка кражба

Ojo Bitola 1536x746 1.jpg

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 36-годишно лице, осомничено за сторено кривично дело разбојничка кражба. Според информациите од обвинителството, на 15 декември, околу 2 часот по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, каде пребарувал низ просториите и одзел 2.500 денари.

Кражбата ја забележал сопственикот на објектот, по што осомничениот, со цел да ги задржи украдените пари, физички го нападнал и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор.

Можете да прочитате

ДУИ: Две години истрага без ниту еден доказ, апсурдно политичко обвинение за колективна одлука

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: Заслужува староста да ја доживее на слобода

Брачна двојка од Велес лишена од слобода по семејно насилство и закани