Утрински Весник
Балкан

Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Zname na srbija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на кој беше најавено учество на премиерот Христијан Мицкоски, нема да биде комплетен, откако Србија одлучи да не испрати свои претставници. Синоќа тоа го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека „првпат во последните 13 или 14 години, ниту тој, ниту кој било друг од Србија нема да оди на таа меѓувладина конференција“.

– Западниот Балкан ќе биде без Република Србија, рече Вучиќ, додавајќи дека одлуката е донесена за „никој друг да не биде виновен и српската Влада да не трпи никаков притисок“.

Тој исто така нагласи дека во изминатите 24 часа имал разговори со повеќе европски лидери и дека им е „благодарен на многумина, дури и на оние кои секогаш критикуваат, иако не знаат што точно критикуваат“. Одлуката за неучество следува по вчерашната потврда од земјите членки на ЕУ дека Белград треба да покаже напредок во владеењето на правото и нормализирањето на односите со Приштина за да се отвори Кластерот 3 од преговорите за членство.

Србија исто така го откажа учеството на синоќешниот настан „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци …“ во Брисел, под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос. Според извори во ЕУ, постојат најави дека Белград би можел да се повлече и од иницијативата „Зелени ленти“, која има за цел забрзување на трговските и транспортните текови меѓу земјите од Западниот Балкан.

Можете да прочитате

Протест пред бугарската народна банка

Домот на народите во БиХ го усвои законот за зголемување на старосната граница за војници

ГП ,,Евзони” повторно затворен за сообраќај