Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ: Граѓаните го видоа предавството на Македонија во Собранието, мигранти за пари

Sasha sdsm 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Изјава за медиуми, Александар Саша Димитријевиќ, СДСМ:

Граѓаните го видоа предавството на Македонија, овде, во Собранието и тоа во живо.

Премиерот Мицкоски вчера побегна од пратеничките прашања. Побегна од вистината. Побегна од дебата за Резолуцијата на СДСМ со која јасно и недвосмислено се затвора прашањето за мигранти во Македонија.

Еден ден претходно замина за Брисел. Зошто? За да избега од прашањата и од дебата за Резолуцијата.

Откако побегна премиерот, побегнаа и неговите министри.

Затоа, во знак на протест против ваквото понижување на Собранието и на граѓаните, пратениците на СДСМ ја напуштија седницата.

ДПМНЕ свесно и намерно побегна од расправа во највисокиот законодавен дом, меѓу избраните претставници на народот кои имаат уставна обврска да расправаат и да одлучуваат за најважните национални прашања.

Резолуцијата на СДСМ не беше поднесена затоа што ДПМНЕ не дозволи ниту дебата, ниту разговор, ниту гласање.

СДСМ нема да биде соучесник во ова национално предавство, мигранти за пари.

Нека си ја потпишат таа предавничка Резолуција сами. Нека си ја гласаат сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ.

Тие многу добро знаат што потпишуваат – предавство на Македонија. А знаат и што следува за предавство.

Сега веќе на сите им е јасно: планот е прво избори, а потоа – мигранти во Македонија, за пари.

СДСМ, заедно со граѓаните, ќе ги искористи сите демократски механизми за да се спротивстави на ова национално и државно предавство.

Ова нема да им помине.

Борбата за Македонија продолжува.

Можете да прочитате

ДСЗИ иницира формирање комисија да се утврди дали има пропуст во третманот и лекувањето на новороденчето од Арачиново

Едно лице тешко повредено во Скопје, пробало да се самоубие

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации