Утрински Весник
Свет

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите

Hegset.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, ги отфрли повиците за објавување видео на кое се гледа американскиот напад врз брод за шверц на дрога во Карибите во септември, во кој двајца мажи од бродот го преживеале првиот удар, но потоа следел уште еден напад.

„Во согласност со долгогодишната политика на Министерството за војна и Министерството за одбрана, нема да го објавиме строго доверливото, целосно и немонтирано видео од нападот на пошироката јавност“, изјави синоќа Хегсет.

Снимката ќе им биде прикажана само на членовите на соодветните конгресни комисии, додаде тој.

Како дел од акцијата против наводниот шверц со дрога, американската војска нападна брод во Карибите на 2 септември. Набрзо, наводно, биле издадени наредби за убивање на двајцата преживеани од бродот, а овие тврдења биле отфрлени од американскиот адмирал Френк Бредли, кој бил задолжен за операцијата.

Експертите велат дека вториот напад можеби го прекршил меѓународното право. 

„Вашингтон пост“ објави дека двајцата мажи се држеле за остатоците и не претставувале непосредна закана кога бродот бил повторно погоден.

Американските сили од септрември почнаа да напаѓаат бродови во Карибите и источниот Пацифик за кои наведуват дека носат дрога, повикувајќи се на проценки на разузнавањето. Војската не објави докази во поддршка на овие тврдења.

Американските медиуми објавија дека досега во операциите се убиени повеќе од 90 лица.

Експертите за човекови права на ОН изјавија дека операциите би можеле да го прекршат меѓународното право, опишувајќи ги убиствата како незаконски вонсудски убиства.

Демократскиот сенатор Ричард Блументал вчера изјави дека „американскиот народ има потреба и заслужува да ги види овие видеа“.

„Всушност, немаше конкретно оправдување за какво било задржување на податоци и мислам дека нивниот неуспех да ги достават ја поткопува довербата и кредибилитетот на целата оваа операција“, рече демократскиот сенатор.

Можете да прочитате

Остатоци од украински дрон предизвикаа пожар во руска рафинерија во Славјанск

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо