Утрински Весник
Свет

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства

20251217071948 big 730x400 32.webp.webp

Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање во неделата на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за 59 кривични дела, вклучувајќи 15 точки за убиство и една за извршување терористички акт, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

Другиот напаѓач, неговиот татко Саџид Акрам (50), беше убиен во престрелка со полицијата на самото место.

Петнаесет лица загинаа, а десетици други беа повредени во нападот чија цел беше австралиската еврејска заедница на настан со кој се прославуваше првата ноќ на Ханука. Ова е најсмртоносното пукање во земјата од 1996 година.

Вкупно 21 повредено лице до вчера сè уште беа на болничко лекување. Петмина од нив се во критична состојба, соопштија здравствените власти на Нов Јужен Велс. Останува нејасно дали преживеаниот напаѓач е вклучен во тие бројки. 

Можете да прочитате

„Вашингтон пост“ почна со отпуштања вработени во речиси сите редакции во обид да ги намали загубите

Жените во Иран сега имаат право да возат мотоцикли и скутери

Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз за можна средба Путин – Макрон