Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од Илинден, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево

Struja 2.webp.webp

Без електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 15.00 часот, ќе бидат корисниците од ул. 27 во село Белимбегово во Општина Илинден, а од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А во Општина Аеродром, информира РЦУК – Скопје.

Струја од 09.00 до 15.00 часот, ќе немаат и корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари во Општина Чучер Сандево, а од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај зградите Машинац во Општина Карпош.

Можете да прочитате

Без струја дел од Аеродром, Карпош и Илинден

Ѓорѓиевски: ЕБОР испрати писмо, БРТ проектот продолжува

Обезбедени 30 милиони денари за проширување на „Лајка“, велат од Град Скопје