
Пишува: Проф д-р Иван Анастасовски
Совршено ми е јасно дека во општетва како нашево, со долга транзиција и со многу страдања на луѓето, страдања кои ги насочило само кон пратење на темната страна односно да слушаат и читаат само голи навреди, разни клевети и слични црни сценарија, и затоа таквите “расправии“ го заинтригираат читателот која ја бара деструктивноста наспроти конструктивноста, но факт е тоа дека на тој “деструктивен“ начин имате публика која впрочем сака да види крв нешто слично на гладијаторство.
Но она што сакам да го кажам и напишам е тоа дека, критиката, како и секој друг текст треба да содржи одредени вредности кои пред се треба да се морални, и по можност да имаат доза на научна и стручна поткрепа која би требало да е насочена кон конкретно/ни лице/а, но поткрепено со одредни факти кои ќе тежнеат да бидат конструктивни и добронамерни со цел за подобрување на состојбите во општеството, додека политичарот тоа го гледа како личен напад кон него што е сосема погрешно. За разлика од тоа ние кај нас тежнееме кон критизерство кое всушност претствува склоност кон неконструктивна, недобронамерна критика. Затоа многу е значајно да се нагласи дека една работа е критиката која е отворена и добронамерна а сосема друга работа е критизерството или политиканство.
Во принцип критиката мора да биде корисна алатка за корекција на македонската политика (како и во секоја демократија) оти истат ја зајакнува демократијата со тоа што им овозможува на граѓаните, медиумите и опозицијата да ги преиспитуваат одлуките на власта (кои можат да бидат како позитивни така и негативни). Понатака, ја подобрува работата на институциите преку укажување на грешки, пропусти или корупција, институциите добиваат можност да се коригираат и да функционираат поефикасно, особено сега во новото време на интернет и социјални медиуми. Позитивна критика има за цел исто така да поттикне транспарентност, особено во држава како што е Македонија, каде довербата во институциите често е ниска, јавната критика ги принудува политичарите појасно да ги објаснуваат своите одлуки и постапки.
Една од улогите на критиките кон владите е да го штити јавниот интерес со тоа што критиката помага да се стават во фокус прашања како што се сиромаштија, невработеноста, образованието, здравството и владеење на правото оваа се теми кои директно ги засегаат нашите граѓани. Она што многу ми значи да има критичка мисла во нашево општество е можноста преку неа да се развива политичкиот дијалог во насока на тоа да наместо слепо прифаќање на одредни владини политики, преку критика да се создава простор за дебата, различни мислења и подобри решенија, оти тоа е мисијата на критиката да ги подобрува состојбите а не да биде дневно политичко прекукување на партиите се со цел да се замајува јавноста и да се пре(насочува) дебата во друга насока. И она што исто така, критиката и критичната мисла може да успее е да ја спречува авторитарност, ако добро се сеќаваме дека во блиската историја на Македонија се покажа дека кога критиката се замолчува, доаќа до раст на партизацијата, зголемен притисок кон поединци и групи и употреба на недемократските практики за политички цели.
Зошто е корисна критиката во македонската политика но насока на конторла на власта или властите сеедно. Критиката претставува еден од најважните столбови на демократското општество. Во македонската политика, таа има особено значење бидејќи придонесува за подобро функционирање на институциите, заштита на јавниот интерес и развој на демократската култура. Без конструктивна критика, политичкиот систем ризикува да стане затворен, неефикасен и подложен на злоупотреби.
Прво, критиката ја зајакнува демократијата и отчетноста на власта. Преку јавно изразување на несогласување, граѓаните, медиумите и опозицијата ја контролираат работата на носителите на власт. Во Македонија, каде што честопати се соочуваме со недоверба во институциите, критиката служи како механизам за спречување корупција и самоволие.
Второ, критиката придонесува за подобрување на политичките одлуки. Укажувањето на грешки, пропусти или лоши политики им овозможува на институциите да ги коригираат своите постапки. Наместо да се сфаќа како нападв(а во најголем процент политичарите мислам дека ако им се упати некоја критика ги мразиме или не ги почитуваме) напротив критиката треба да ја прифатат како можност за нивен напредок и понуда на подобри услуги кон граѓаните, кон нас оти ние тоа го плаќаме преку нашите даноци.
Понатаму, критиката поттикнува транспарентност и јавна дебата. Кога политичарите се соочени со прашања и забелешки, тие се приморани да ги објаснат своите одлуки и да дејствуваат поодговорно. Ова создава активна јавност и граѓани кои се свесни за своите права и обврски.
На крај, критиката е важна и за спречување на авторитарни тенденции. Историјата покажува дека замолчувањето на критичкото мислење води кон ограничување на слободата и демократските вредности. Затоа, отворената и аргументирана критика е неопходна за стабилна и праведна македонска политика.
Затоа можам да кажам одговорно дека критиката не би требало да биде пречка, напротив таа треба да биде двигател на демократскиот развој на едно општество. Владата треба да биде свесна дека со можноста да има поголема критика (не критизерство) за да може и самата да се подобрува, во спротивно ризикува да “забега“ во носење на одлуки кои ќе бидат поразителни за сопствените граѓани.



