Утрински Весник
Македонија

Уапсен 67-годишен скопјанец, со „мерцедес“ удрил во полицаец, па избегал

Apsenje 1.jpg

Пронајден е возачот кој пред неколку дена со возило удри во полицаец во Влае, па избегал од местото на несреќата.

Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Затворен за сообраќај превојот Плетвар, граѓани протестираат и во Битола и Кичево

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Уапсени двајца крадци во Велес