Утрински Весник
Балкан

На грчки брод откриени неколку тони кокаин

Policija gr.webp.webp

Најмалку пет лица се уапсени на грчки брод додека пловел во Атлантскиот океан, во сопственост на познат грчки наркобос, а откриена е поголемо количество кокаин што може да достигне и до над пет тони, јави дописничката на МИА од Атина.

Полициската истрага е во тек и засега не постојат официјални информации, но според медиумите акцијата била спроведена од Секторот за борба против дрога на грчката полиција и во соработка Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).

Бродот тргнал од Грција за Латинска Америка, каде што била преземена дрогата и се вратил кон Европа, бил откриен во близина на Атлантскиот Океан и според медиумите веќе два дена со помош на француската морнарица се извлекува кон францускиот брег.

Уапсени се пет лица на неколку локации во Грција, а меѓу уапсените, според првичните информации е и познат грчки наркобос.

Дополнително, уапсени биле и членовите на екипажот.

Првичните неофицијални информации во Грција утрово беа дека бил запленет над еден тон кокаин, но во тек било мерењето и количината може да достигне до пет или повеќе тони.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31