Утрински Весник
Македонија

Реакција на ДПМНЕ: Крај на мигранти се става кога ќе ја потпишете Резолуцијата

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Нека не лаже ДПМНЕ. Не ставија крај тие на ништо туку започнаа, отворија врата за мигранти во Македонија.

Крај на мигранти се става кога ќе ја потпишете Резолуцијата на СДСМ во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти.

Ете така се става крај. 

Цела недела ги повикуваме, ајде задно, потпишете.  Но ДПМНЕ-ЗНАМ не сакаат. Бегаат од одговори и бегаат од потпишување на Резолуцијата.

А зошто не сакаат? Веќе на сите им е јасно. Има договор, мигранти за пари. Затоа поднесуваат контра Резолуции.

Една порака од опозицијата до власта:

Во ДПМНЕ-ЗНАМ треба да ви биде јасно дека СДСМ заедно со граѓаните ќе стави крај на вашите предавнички и криминални политики. 

Нема да дозволиме мигранти, нема да дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата, нема да дозволиме изолација.

Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!

Можете да прочитате

Мицкоски: Конструктивна средба со синдикатите, на маса е покачување на платите на административците за 40% 

Јаневска: Не верувам дека се заобиколени процедурите за постапување во случајот со мозочните ткива

,,Моето дете е во гроб” – емотивни сцени и прекин на судењето за пожарот во ,,Пулс”