Утрински Весник
Свет

Трамп смета дека ќе биде тешко за Републиканската партија да ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот

Tramp.webp.webp

Доналд Трамп смета дека ќе биде тешко за Републиканската партија да ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот по меѓуизборите закажани за есента 2026 година.

– Ќе видиме како ќе оди. Треба да победиме, но статистички ќе биде многу тешко да се победи. Ќе се обидеме да направиме сѐ што можеме, изјави тој во интервју за „Волстрит Џурнал“.

Трамп вели дека обезбедил повеќемилијардски инвестиции за САД, но не знае „кога тие пари ќе се реализираат“.

– Ја создадов најголемата економија во историјата, но веројатно ќе треба време луѓето тоа да го сфатат, додаде американскиот лидер.

Можете да прочитате

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза

По Фолксваген и Мерцедес размислува да произведува оружје

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот