Утрински Весник
Свет

За 25 отсто повеќе случаи на депресија за време на зимските празници во Романија

Z depresija 1 960x565 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бројот на случаи на депресија за време на зимските празници во Романија се зголемува за околу 25 отсто, покажуваат податоците на психијатрискиот институт „Сокола“ во Јаши.

– Празниците се товар за осамените. Бројот на случаи на депресија се зголемува за 25 отсто во декември. Некои сеќавања се реактивираат, а празниците не носат радост на сите. На некои им носат притисок и тага. Оние кои се сами имаат чувство дека немаат со кого да ги споделат празничните моменти, велат од психијатрискиот институт „Сокола“, пренесува порталот Диџи24.

Психијатрите посочуваат дека има и лица кои, наместо празниците да ги поминат сами, одлучуваат да останат хоспитализирани во установата.

– Бев тажен, вознемирен, не можев да се одморам. Ми се вртеше во глава, имав главоболки и одлучив да дојдам во болница, вели еден од штитениците на психијатрискиот институт „Сокола“ во Јаши.

Податоците покажуваат дека секоја година во декември бројот на случаи се зголемува за 20 до 25 отсто, особено кај лица кои се чувствуваат беспомошно, немаат доверба во другите и немаат пријатели.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски