Утрински Весник
Свет

Напад со дрон во Судан: Шест мировници на ОН од Бангладеш загинаа во Кадугли

Guteresh.webp.webp

Логистичка база на Обединетите нации во Судан беше погодена во напад со дрон, при што загинаа шестмина мировници на Светската организација, соопшти генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Нападот бил насочен кон логистичка база на ОН во градот Кадугли во централниот регион Кордофан.

При нападот се ранети уште осум мировници, т.н. „сини шлемови“. Сите жртви се државјани на Бангладеш, кои служеле во Привремените безбедносни сили на ОН за Абјеи (UNISFA).

– Нападите врз мировниците на ОН може да претставуваат воени злосторства според меѓународното право, изјави Гутереш и повика да се бара одговорност од извршителите на овој „неоправдан напад“.

Суданската армија за нападот ги обвини Силите за брза поддршка – паравоена група која повеќе од две години војува со армијата за контрола врз земјата. 

Можете да прочитате

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во  Сиднеј

Зеленски е подготвен да се откаже од членството на Украина во НАТО во замена за безбедносни гаранции од САД и ЕУ

Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри