Утрински Весник
Македонија

Осум повредени во судир на „мерцедес“ и БМВ на патот Гостивар–Тетово

Policija soobrakjajka noke.jpg

Денеска во 20:05 часот, на патниот правец Гостивар–Тетово, по клучката Камењане, се случи тешка сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле вкупно осум лица, кои со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово за укажување лекарска помош.

Поради вршење увид од страна на надлежните служби, сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато, по една коловозна лента.

Повеќе детали за причините за сообраќајната незгода се очекуваат по завршување на истрагата.

Можете да прочитате

За првпат целосно дигитални учебници за деветто одделение – „Арс Ламина” ги обезбедува бесплатно за сите ученици и наставници

Ферати – Солстром: Посилна соработка за младите, бизнисите и дијалогот меѓу заедниците

Луксузот од „Плацеви на Водно“ оди на попуст: Становите на Груевски поевтинеа за по 200.000 евра