Утрински Весник
Магазин

Домашни Churros со чоколаден прелив

Churros.jpg

Churros се еден од најпопуларните шпански десерти – крцкави и совршени во комбинација со топол чоколаден прелив.

Потребни состојки: 250 мл масло (за тестото – плус масло за пржење), 250 мл вода, 250 грама брашно, 5–6 јајца (во зависност од големината), шеќер и цимет за валкање.

За чоколаден прелив: 150 мл слатка павлака, 100 грама чоколада за готвење, 1 лажица какао (по избор, за поинтензивен вкус), 1 лажица путер (по избор, за сјај и кремастост).

Подготовка на тестото: Во тенџере ставете ја водата и 250 мл масло да зовријат. Кога ќе почне да врие, тргнете го садот од оган и додадете го брашното одеднаш.

Мешајте енергично додека тестото не стане компактно и не почне да се одвојува од ѕидовите на тенџерето. Оставете го тестото да се лади 10 минути.

Потоа, едно по едно додавајте ги јајцата (5 или 6 – колку што е потребно за да добиете мазна, густа смеса).

Ставете го тестото во слаткарска кеса со ѕвездест завршеток. Истиснувајте ленти долги околу 12-15 см на мали парчиња хартија за печење.

Во длабока тава загрејте масло на умерена температура. Спуштајте ги Churros заедно со хартијата во маслото – по неколку секунди тие ќе се одвојат сами.

Пржете ги до златно-кафена боја (не повеќе од 3–4 истовремено). Извадете ги на хартиена салфета за да се исцедат. Уште топли валкајте ги во мешавина од шеќер и цимет.

Подготовка на чоколадниот прелив: Загрејте ја слатката павлака до пред вриење. Тргнете од оган и додајте ја исечканата чоколада. Мешајте додека целосно не се стопи. Додајте путер и какао по желба за појак вкус и сјај.

Послужете ги свежо пржените Churros со топол, кремаст чоколаден прелив. Неодоливо!

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“