Утрински Весник
Македонија

Главниот благајник си ставил во џеб 250.000 евра, наместо да ги уплати на сметка на прилепската болница

Prilepska bolnica.jpg

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело ”Проневера во службата” од член 354 ст.3 в.в. со член 45 од КЗ на РСМ.

-Пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021 година, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати дел од наплатените и примени парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, односно за 2020-та година присвоил парични средства во износ од 6.568.726 денари и за 2021-ва година присвоил парични средства во износ од 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ во вкупен износ од 15.063.284 денари, информираат од Финансиската полиција.

По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција пријавеното лице е лишено од слобода и истото е изведено пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп.

Инаку, денеска беше објавено дека Финансиската полиција утрово уапсила лице за кое постојат сомнежи за сторен финансиски криминал поврзан со Општа болница Прилеп.

Можете да прочитате

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, лишени од слобода осум лица 

Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ 

ФЗО прворангиран во мониторинг-извештајот за државните институции за 2025 година