Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Милошоски најавува мигранти, но ги прекрстува во „економски работници“

Sdsm.jpeg

ВМРО-ДПМНЕ планира да го редефинира статусот на мигрантите и да ги нарече „економски работници“ за да го реализира договорот за нивно прифаќање, обвинуваат денеска од СДСМ.

Опозициската партија се повикува на вчерашното интервју на пратеникот Антонијо Милошоски, во кое тој направи дистинкција меѓу странските работници и азилантите. Според СДСМ, ова е само параван за планот да им се обезбеди постојан престој.

„Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски. Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој. Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални““, се вели во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека ова е причината поради која владејачката партија одбива да ја потпише Резолуцијата против населување на мигранти.

Можете да прочитате

ТДП влегува во Владата и добива министер без ресор

Клековски: Здравството не е само функција, туку мисија за подобар живот на граѓаните

Марија Митева избрана за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Коневски ќе ја предводи УМС