Утрински Весник
Македонија

Задржани тројца Бугари за обид за илегална трговија со македонски народни носии

Policija Mvr2.png

Основното јавно обвинителство Битола отвори постапка против тројца бугарски државјани од Пловдив, осомничени за неовластена трговија со предмети од културното наследство. Осомничените, во група, во околината на Демир Хисар купувале делови од македонски народни носии со цел да ги изнесат во Бугарија.

На 9 декември биле затекнати од полицијата додека ги пренесувале предметите во товарно возило и автомобил. По верификација од етнолог од „Музеј Битола“ било потврдено дека станува збор за културно наследство чија продажба е забранета без дозвола. Тројцата се задржани во полициска станица, а против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Опожаренo возило на Бит пазар во Скопје

Повозрасна жена удрена од автомобил во центарот на Скопје

Се затвара „Зимзоленд“: Две недели работел диво без ниту еден документ