Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Нов буџетски форум, со центарци денеска ги дефинираме приоритетите за 2026

Whatsapp image 2025 12 09 at 14.46.25 2.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува сите жители да присуствуваат на буџетскиот форум за 2026 година, кој ќе се одржи денеска, 10 декември, во 19:00 часот, во ООУ „Димитар Миладинов”.

Форумот претставува можност граѓаните директно да се запознаат со општинските политики, да предложат проекти и идеи што ќе придонесат за подобрување на условите за живеење и да бидат дел од оформувањето на буџетот за наредната година.

„Заедно со граѓаните реализиравме голем број успешни и значајни проекти, а така ќе биде и во наредниот период. Ги поканувам центарци да ги дефинираме приоритетите што ќе придонесат за развој на нашата општина,” истакна Герасимовски.

На форумот ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбаните заедници, претставници на невладиниот сектор, како и сите жители што сакаат активно да учествуваат во формирањето на општинскиот буџет.

Општина Центар останува посветена на транспарентно, отчетно и инклузивно донесување одлуки, со цел да се обезбедат проекти што ги одразуваат реалните потреби на заедницата.

Можете да прочитате

Без вода утре делови од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров, без струја делови од општина Бутел

Два инциденти со физички напади регистрирани во Чаир

Ангелов: Објекти на Водно се под ризик од свлечишта