Утрински Весник
Економија

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за четири, а цените на мало за три проценти

Kosnica.webp.webp

Индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. 

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти.

Зголемувањето е резултат на порастот на трошоците на животот во групите:  Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Според Државниот завод за статистика, цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за 0,6 отсто.

Можете да прочитате

Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година