Утрински Весник
Свет

Маск ја спореди ЕУ со нацисти, X казни профил на Еврокомисијата

Mask.jpg

Два дена откако Европската унија му изрече голема парична казна на X, платформата за социјални медиуми го избриша профилот за реклами на Европската комисија, додека Илон Маск го спореди блокот со нацистичка Германија.

– Вашиот рекламен профил е укинат, напиша синоќа шефот на одделот за производи на X, Никита Биер, во одговор на објавата на Европската комисија на X, со која ја соопшти нејзината казна од 120 милиони евра (140 милиони долари) за прекршување на правилата за транспарентност.

Биер рече дека профилот на ЕУ објавил содржина што „ги залажува корисниците да мислат дека тоа е видео и вештачки да го зголеми својот досег“. Сепак, профилот на Европската комисија на X и нејзините објави остануваат видливи, пренесе ДПА.

Во меѓувреме, технолошкиот милијардер Маск продолжи да ја напаѓа, како што истакна, „тиранската, неизбрана бирократија која го угнетува народот на Европа“.

Маск реобјави коментар на еден корисник кој напиша дека ЕУ е „Четвртиот рајх“, заедно со слика на знамето на ЕУ кое се лупи за да открие знаме на нацистичка Германија со свастика под него.

ЕУ во петокот го казни X со 120 милиони евра (140 милиони американски долари) за кршење на нејзините правила за транспарентност, обвинувајќи ја платформата за лажно авторизирање на корисничките профили со сини ознаки, дека крие податоци од истражувачите и не ги документира транспарентно рекламите поставени на платформата.

Комисијата соопшти дека висината на казната е пропорционална на прекршувањето.

Казната предизвика критики и од американскиот државен секретар Марко Рубио.

– Казната од 140 милиони долари на Европската комисија не е само напад врз Х, тоа е напад врз сите американски технолошки платформи и американскиот народ од страна на странски влади, објави тој на Х.

Можете да прочитате

Карни: Не се откажав од коментарите што го налутија Трамп

Зеленски: Украина планира членство во ЕУ до 2027 година

Австралија е погодена од рекорден топлотен бран