Утрински Весник
Македонија

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа

Orban.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, преку видео обраќање емитувано на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, упати честитки до партијата за, како што нагласи, „импресивните успеси“ во изминатите две години.

Орбан истакна дека по долг период во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ успеала да се позиционира како една од најуспешните политички сили на европската сцена.

„Постигнавте убедливи победи на парламентарните, локалните и претседателските избори. Ја насочивте вашата татковина кон стабилен и предвидлив развој. По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа. Нема подобра препорака од сопствениот успех“, рече Орбан.

Тој се заблагодари за соработката со лидерот Христијан Мицкоски и го охрабри членството да продолжи да му дава доверба.

„Продолжете по патот на успехот. Ви посакувам многу успех во претстојните владини задачи. Бог да ги благослови македонските патриоти“, додаде унгарскиот премиер.

На Конгресот со видео обраќања се вклучија и други претставници на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека Гостивар пие загадена вода, ВМРО-ДПМНЕ со бизнис зделка од 100.000 евра за набавка на флаширана вода

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, а уште помалку има право да го урива

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово