Утрински Весник
Македонија

Филипче: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта

Filipce 2 sdsm 1.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека партијата утре ќе презентира нов скандал, нова корупциска шема на власта.

„Ние ги спремивме новите бомби 2.0 и најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема — се членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме документи и ќе ги прикажеме во јавноста. Превенцијата не успеа, а корупцијата ескалираше и сето ова мора да се истражи, затоа што крадењето мора да престане. Секој што крадел ќе одговара. Борбата продолжува, работата не е завршена“, истакна Филипче.

Можете да прочитате

Скопјанец пијан со 2.2 промили возел низ Охрид

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци – власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев