Утрински Весник
Македонија

Прекршочна постапка против општина Струга и одговорното лице – не го поставиле државното знаме при прослава по повод Денот на aлбанското знаме

Makedonsko Zname.jpg

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија.

Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито” во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината, ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р.С. Македонија, што според закон биле обврзани да го направат.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец