Утрински Весник
Македонија

,,Ера” и музичките концерти го отвараат официјалниот репертоар на 24.CINEDAYS

Era rezija parta kelmendi.jpg

Со вечерашниот репертоар официјално започнува натпреварувачката програма на 24. CINEDAYS, каде се натпреваруваат европски филмови и копродукции во Официјална конкуренција и СЕЕ селекција. Македонско–косовската копродукција „ЕРА“, во режија на Парта Келменди, е првиот филм од Македонија што се прикажува на фестивалот. „Копродукцијата на ‘ЕРА’ беше големо задоволство и предизвик, бидејќи филмот навлегува во чувствителен историски период.

Соработката меѓу Косово и Северна Македонија секогаш доаѓа природно и лесно“, изјави македонскиот копродуцент Марија Димитрова. Во клуб МКЦ од 20:30 часот публиката ќе може бесплатно да ги проследи концертите на групите Stoinost, Elizabeta Bam, Ubili su batlera и Sunblinds, во рамки на музичкиот блок финансиран од програмата Лајвјуроп.

Вечерва ќе се прикажат и кратки филмови како „Пријатни летни денови“, „АМРА“ и „Состојба на умот“, како и други селектирани остварувања од официјалната конкуренција и СЕЕ програмата.

Можете да прочитате

Како всушност функционира системот „Безбеден град“, што ќе се казнува и како ќе се казнуваат странски државјани

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10.500 долари

Магла на Ѓавато, Плетвар,Стража и Крушево