Утрински Весник
Скопје

Град Скопје препорачува редовно чистење оџаци за почист воздух оваа зима

Chadskopje.jpg

Во пресрет на зимската сезона, Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје издаде препораки до граѓаните со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Граѓаните се повикуваат редовно да ги чистат оџаците и да ги одржуваат печките, како и да избегнуваат горење отпад, прегорено масло, лакирани дрвени отпадоци, гуми, стиропор и други синтетички материјали.

„Да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и да се врши редовен сервис на котли, печки и клима-уреди за ефикасно согорување и помалку емисии на штетни материи“, препорачуваат од Градот Скопје.

Паралелно со препораките, градските власти најавија засилени инспекциски контроли на сите постројки со елаборати за животна средина или Б-интегрирани еколошки дозволи. Посебен акцент ќе биде ставен на спречување и санкционирање на нелегално спалување отпад.

Можете да прочитате

Казна од 2 450 евра за операторот со храна откако ученици од „Димо Хаџи Димов“ масовно се затруја

Повторно земени брисеви од кујната на „Димо Хаџи Димов“, во уште едно училиште во Карпош откриена ешерихија коли во намаз

Град Скопје со мерки до граѓаните за намалување на загадувањето