Утрински Весник
Свет

Путин тврди дека Русија е подготвена да го заземе цњл Донбас со сила

Putin opshta profil.jpg

Путин: Или ќе го заземеме Донбас со сила, или Украина треба да се повлече Изменет и скратен текст: Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена „со сила да го заземе целиот Донбас, доколку украинската армија не се повлече“. Ова го рече во интервју за индиската телевизија „Индија тудеј“.

Од Украина одговорија дека нема да отстапат ниту дел од својата територија, а претседателот Володимир Зеленски порача дека „Москва не смее да биде наградена за војната што ја започна“. Русија моментално контролира повеќе од 19 проценти од Украина и во преговорите со САД бара целосна контрола врз регионот Донбас, кој ги опфаќа Доњецк и Луганск.

Путин неодамна разговараше со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, наведувајќи дека Русија „прифатила некои американски предлози“ и дека разговорите продолжуваат. Кремљ уште во 2022 година прогласи дека Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје се дел од Русија.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците