Утрински Весник
Македонија

Муцунски од Виена: Потребна е модерна и отпорна ОБСЕ подготвена да го подржи мирот

Timco mucunski foto fejsbuk profil e1607276272238.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на Министерскиот совет на ОБСЕ во Виена, каде говореше за безбедносните предизвици и состојбите во Организацијата. Од Министерството информираат дека Муцунски ја реафирмирал посветеноста кон вредностите на ОБСЕ, укажувајќи на „сериозните реперкусии од агресијата на Руската Федерација врз Украина врз регионалната безбедност и сигурност“ и на поларизацијата и недовербата во рамките на Организацијата.

Притоа изразил поддршка за мировните иницијативи од двете страни на Атлантикот. Министерот зборувал и за структурната криза во ОБСЕ, нагласувајќи дека е неопходна оперативна предвидливост и нормално функционирање.

„Нам ни е потребна модерна, отпорна Организација, ориентирана кон актуелниот контекст. ОБСЕ, како основа на колаборативната безбедност, подготвена активно да го поддржува мирот и да игра истакната улога во закрепнувањето на Украина“, подвлече Муцунски.

Тој ја истакна важноста на отпорноста на земјите учеснички и централната улога на теренските мисии на ОБСЕ, предупредувајќи дека изостанокот на политичка волја е „стратешка кратковидост“ што го поткопува градењето стабилни и просперитетни општества.

Муцунски порача дека македонското општество останува посветено на европските аспирации, а реализирањето на оваа цел ќе го трансформира регионот „од граница во мост на ЕУ“. Тој се осврна и на улогата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, нагласувајќи дека идниот ангажман треба да биде усогласен со новите реформски приоритети и институционалната зрелост на државата.

Можете да прочитате

Две лица пренесени во болница по тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Јаневска: Квалитетното образование се темели на добри наставници

,,Ера” и музичките концерти го отвараат официјалниот репертоар на 24.CINEDAYS