Утрински Весник
Македонија

Ахмети најави протест во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Ali Ahmeti.jpg

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК, кои им се суди во Хаг, ќе се одржи во Скопје на 13 декември.

Протестот ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скендербег“. „На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопје за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, истакна Ахмети.

Тој ги повика Албанците да се приклучат на протестот за да ја демонстрираат, како што рече, чистата борба за слобода и независност. Ахмети веќе учествувал на двата големи протести организирани во Приштина и Тирана во поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторства извршени на Косово.

Можете да прочитате

МВР со детали за сообраќајната незгода на патот Прилеп – Битола

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба „Бадентер“, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите

Околу 4900 помалку запишани првачиња од лани, едносменска настава воведена во над 200 училишта