
Песната „Параходот“ е втората којашто го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски” и воедно најава за албумот што следи, насловен како „More” (‘Повеќе’).
Како гости на изведбата песната „Параходот“ е истата екипа како и на „40 години девојка од бронза”. Музичарите кои ќе го изнесат концертот се: Александар Таушанов – гитара („Троја“), Тодор Стефанов – бас („Троја“), Зоран Павлов – гитара и Дејан Јефремов – тапани. Како гости на концертот ќе се појават: Перо Стефановски („Санаториум“), Александар Стефановски („Конспираси“) и Гордана Котевска.
Концертот ќе се оддржи на 20 декември 2025 во МКЦ со почеток од 20:30. Влезници можат да се купат преку „МК-тикетс“ и нивните продажни пунктови.

