Утрински Весник
Магазин

Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе тешко 2 килограми

Whatsapp image 2025 12 03 at 15.00.36.jpeg

Во  Клиника Жан Митрев беше изведена успешна корекција на комплексна вродена срцева аномалија кај предвремено родено женско новороденче во 36 гестациска недела. Бебето, прво од близначка бременост, е родено во Приштина со родилна тежина од 2 килограми. Кај новороденчето беше дијагностицирана вродена комплексна кардиопатија, која ги вклучува тотално аномално пулмонално венско дренирање (TAPVR) и атријален септален дефект (ASD).

Оваа комбинација на срцеви маани е исклучително ретка, преваленцата на TAPVR се движи од 0,6 до 1,2 на 10 000 живородени новороденчиња, а меѓу сите вродени срцеви маани само 0,7 до 1,5% припаѓаат на овој тип.

Свесни за итноста на состојбата, родителите ја донесоа малата Озе Абази во Клиника Жан Митрев, на возраст од две недели. По спроведени дополнителни дијагностички процедури и консултација со тимот за кардиохирургија, беше донесена одлука за навремена хируршка корекција на комплексната срцева аномалија.

Хируршката интервенција, изведена од тимот предводен од д-р Жан Митрев, се состоеше од комплетна деривација на пулмоналните вени во левата предкомора, со што се постигна физиолошки нормален проток на крвта. 

По успешниот оперативен зафат, грижата за бебето ја презеде неонатолошкиот тим од Центарот за мајка и бебе, со фокус на внимателен хемодинамски менаџмент и стабилизирање на кардиоваскуларната функција. Постоперативниот период претставуваше голем предизвик поради возраста на новороденчето. Благодарение на координираниот тимски пристап и континуираната интензивна грижа, бебето успешно закрепна.

Исходот без оперативен третман е неповолен и со висок процент на смртност, над 80% до крај на првата година од животот. Со современ хируршки и постоперативен менаџмент исходот се менува од состојба која често завршувала фатално  до преживување приближно 85%.

По успешно изведената интервенција малата Озе е подготвена да замине дома, со целосно стабилна состојба и реални изгледи за нормален раст и развој.

Можете да прочитате

Декември носи чудо и само 3 хороскопски знаци добиваат финансиска среќа за цел живот!

Откриено што значат броевите на вентилот на вашиот радијатор

Тешко утро за еден знак, блокирани емоции кај друг: Дневен хороскоп (03.12.2025)