Утрински Весник
Македонија

Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка Дабовиќ-Анастасовска

Jadranka dabovikj anastasovska.jpg

Собранието денеска во рамки на 72. седница ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска заклучно со 31 декември оваа година. Уставната судијка не ја образложи својата оставка пред пратениците, а, како што информираа од Уставниот суд, ја поднесе од здравствени и лични причини.

Во писмото до Собранието, судијката наведува дека промени од втората половина на годината, од семејна природа, ја натерале да донесе одлука да се повлече од функцијата.

„Вршењето на функцијата судија на Уставниот суд за мене беше голема чест и одговорност. Се трудев да ја извршувам функцијата одговорно, со посветеност и професионалност. Но, поради непредвидените околности, сметам дека нема да можам да работам на предмети со целиот свој капацитет, кои најчесто не се од мојата потесна професионална определба на која сум се усовршувала цели 40 години“ – пишува Дабовиќ-Анастасовска.

Таа информира дека од 1 јануари 2026 година се враќа на професорската позиција на Правниот факултет при УКИМ.

Со заминувањето на Дабовиќ-Анастасовска, Уставниот суд останува со седум судии, што може да го отежни процесот на одлучување во наредниот период.

Можете да прочитате

Тетка пријавила во полиција повреди и опекотини на нејзиното двегодишно внуче

За еден ден преполовен бројот на прекршоци, „Безбеден град“ вчера регистрирал нови 50.652, “жешки точки“ излез од Скопје кон Тетово и на булевар „Никола Карев“

Милошоски: Анкетната комисија има за цел неселективно утврдување на пропустите за сите трагедии и спречување на идни