Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“

Orcegorgievski 2.jpg

Доколку МВР нема можност да издвои одредени средства за да се зголеми опфатот на влијание и опсегот на користење на камерите од системот „Безбеден град“, тогаш и ние како општини, но и Градот Скопје ќе учествуваме финансиски за да помогнеме во целиот процес со цел да имаме побезбеден град и граѓани, изјави вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претседател на ЗЕЛС. 

Ова, како што рече Ѓорѓиевски потенцираше дека комуницирал околу оваа тема со министерот Тошковски во дневникот на ТВ Сител, но и дека се уште немаат јасна рамка. 

– Повторно воспоставивме пракса Градот Скопје да заседава со координативното тело со останатите скопски градоначалници. Една од точките беше и ова и кај сите има интерес тоа да го направиме. Тоа од една страна ќе значи многу побезбедни маала, побезбедни јавни објекти, училишта, градинки и т.н. Но, од друга страна ќе значи систем во којшто по неколку наврати нема да се повторуваат инвестициите и парите на граѓаните да се употребуваат по пет пати, хипотетички земено, за обнова на одреден парк, појасни Ѓорѓиевски. 

Ѓорѓиевски, посочи дека 30 години говориме за создавање на систем, а системот, како што рече, сме сите ние и мора да работиме на тоа европски да се однесуваме и законите да важат подеднакво за сите.

Можете да прочитате

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Завршни зборови во случајот против Стојанче

Заврши четиринаесеттиот RoboMac 2026 – 24info.mk