Утрински Весник
Свет

Кремљ планира да го зголеми извозот на нафта користејќи модерни технологии

Rusija.jpg

Намалувањето на руските испораки на нафта за Индија може да биде само привремено. Русија планира да го зголеми својот извоз на суровината користејќи современи технологии за да го избегне влијанието на западните санкции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Можно е многу краток временски период да има незначително намалување на обемот на трговијата со нафта, изјави Песков пред индиските новинари, одговарајќи на прашање за влијанието на санкциите врз рускиот извоз.

Индија, најголемиот купувач на руска нафта преку бродови, го намали увозот на сурова нафта од Москва под притисок на западните санкции, особено оние што Вашингтон ги наметна на најголемите руски производители на нафта „Роснефт“ и „Лукоил“.

Русија е најголемиот снабдувач на нафта за Индија, која е трет најголем увозник и потрошувач на нафта во светот.

Можете да прочитате

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков: Се товари за девет убиства со елементи на тероризам

Израелски министер: Нашата мисија во Иран не е завршена

Русија ги интензивира нападите, 250.000 Украинци без струја