Утрински Весник
Македонија

Велковски: Ќе се градат типски куќи за бездомниците во Скопје

Velkovski.jpg

Освен на депонијата Вардариште, бездомни лица се мапирани и на други локации во Скопје. Заменик-министерот за социјална политика, демографија и труд, Ѓоко Велковски, вели дека за нивно сместување веќе е најдено решение, по моделот на типските куќи во штипската населба Мирјанина Црква.

„Има повеќе локации, каде што имаме ваква појава, во Визбегово имаме, имаме во Бутел една таква дива населба. ‘Ранка Милановиќ’ поранешниот Дом за деца исто така и Вардариште, којшто беше пред самите избори. Пратена е информацијата на Влада, со конкретни чекори и активности, со акциски план комплетен“, рече Велковски по означувањето на почетокот на градба на нова градинка во Ѓорче Петров.

Тој нагласи дека не е доволно само луѓето да се дислоцираат, туку мора да се изградат и нови станбени капацитети за лицата кои немаат свој дом.

„Треба да се обезбедат пари, со овој Акциски план за да можат овие лица, соодветно да бидат дислоцирани од локациите, каде што сега се дивонаселени и живеат. Така што информацијата веќе е на Влада, во процедура е“, посочи Велковски.

Тој додаде дека процесот ќе трае подолго бидејќи е поврзан со трајно решавање на станбеното прашање на бездомните лица. Како позитивен пример го издвоил Штип, каде во новите типски куќи финансирани од ЕУ и Општина Штип веќе се вселени 36 семејства кои претходно живееја во субстандардни услови.

Можете да прочитате

Можно е пролонгирање на почетниот датум на казнување со ,,Сејф Сити”

Михаил синот на Деко преживеа пекол, сакаше да се убие, а сега е обвинет – одбраната тврди дека е жртва, не сторител

Судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од Уставниот суд