Утрински Весник
Македонија

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Penzioneri.jpg

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби.

Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот.

Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена.

Социјалната сигурност и стабилноста на пензискиот систем остануваат врвен приоритет на Министерството.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Пет политички субјекти стануваат едно

ЛДП гледа напред: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации

Да се избрише „албански терористи“ од спомен плочата за загинатите кај Вејце, бара Таравари