Утрински Весник
Македонија

Советот за реформа на јавната администрација го усвои ревидираниот Акциски план 2023–2026: Владата ја засилува реформската агенда

Img 9981.jpeg

Денес се одржа третата седница на Советот за реформа на јавната администрација, како највисоко координативно тело задолжено за управување со реформските процеси во јавната администрација, со која претседаваше Претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.

На седницата членовите на Советот го разгледаа и усвоија ажурираниот Акциски план 2023–2026 година од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, кој е усогласен со приоритетите од Програмата за работа на Владата 2024–2028, како и со документите од процесот на европска интеграција – Патоказот за РЈА и Реформската агенда.

Планот е во корелација и со измените во Законoт за организација и работа на органите на државната управа, со што се идентификувани водечките институции надлежни за реализација, како и другите органи вклучени во спроведувањето на активностите, дополнително интегрирани се и препораките од Извештајот од оценската мисија на SIGMA за 2024 година.

Во рамки на дискусијата беше истакната важноста од планираното и навремено спроведување на реформските активности со цел унапредување на ефикасноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на јавната администрација.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето излагање ја нагласи значајната улога на Советот и континуитетот во неговата работа.

„Одржувањето на вакви седници на Советот за реформа на јавната администрација е од исклучително значење, бидејќи нивната редовност, транспарентност и конструктивност беа поздравени и нотирани во Извештајот за напредокот на Европската комисија како позитивна практика во управувањето со реформските процеси.“

Тој додаде дека Министерството за јавна администрација ќе продолжи активно да го координира спроведувањето на реформските мерки и да обезбедува поддршка на институциите, со крајна цел создавање модерна, услужна и професионална администрација во служба на граѓаните.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ја подржувам идејата за проширување на „Безбеден град” во други градови

Халата за лесна индустрија станала клуб без знаење на сопственикот, тврди одбраната

Тодор продавал карти, но немал право да легитимира или контролира влез вели одбраната