Утрински Весник
Скопје

Нова детска градинка добива општина Ѓорче Петров

D781b97e c1ba 3080 5d95 7137c6c25803.jpg

Нова детска градинка почнува да се гради во населбата Дексион, општина Ѓорче Петров. Како што појаснија надлежните, предвидено е да се состои од приземје плус еден кат. Вкупната бруто површина на објектот изнесува 1.030 квадратни метри. Капацитетот е шест групи на деца во различни возрасни категории. Рокот за завршување е две години од денот на воведување во работа.

Инвеститор е Општина Ѓорче Петров, изведувач „Вардарградба“ – ДОО, село Трубарево – Скопје, а надзор – „Диви Македонија“ – ДОО -Скопје. Вредноста изнесува 69.461.423,04 денари – без ДДВ или 81.964.479,19 денари – со ДДВ. 

На официјалното започнување на градбата на градинката присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и пратеникот Бојан Стојаноски.

Стојкоски изрази задоволство од настанот и се осврна на проектите што следуваат во иднина. Велковски му се заблагодари на градоначалникот за напорот што го прави за доброто на општината. Премиерот посака што побргу да се заврши објектот.

-Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска, листата на чекање веќе нема да биде листа на чекање, туку секое дете коешто ќе сака да оди во градинка, односно ќе има потреба од сместувачки капацитет, ќе го има истиот, подвлече Мицкоски, додавајќи дека тоа е во насока на просемејните политики на оваа Влада.

Со отворањето на оваа градинка, како што потенцираа надлежните, се очекува да се создадат нови 102 места за деца, што директно влијае на намалување на листите на чекање, да се подобри квалитетот на услугите за ран детски развој, да се отвори можност за вработување на повеќе воспитувачи, негуватели и стручни лица, да се подобрат условите за работа на постојните градинки преку растоварување на капацитетите, да се зголеми достапноста на предучилишните услуги за младите семејства во Дексион и околните населби. 

Можете да прочитате

Градоначалникот Ѓорѓиевски се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

110.000 прекршоци регистрирал „Сејф сити“ за 24 часа

Општина Бутел: Напредува изградбата на водоводот во Љубанци и Љуботен