Утрински Весник
Македонија

За еден месец 101 санкции за непрописно вградени фолии

591746115 1153160930327766 4078607084616200727 n.jpg

Во периодот од 01.11.2025 до 30.11.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесници во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР Куманово – 22. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.

Контролите продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата

Петковска: На ОЈО ГОКК му треба шеф кој ќе може да се спротивстави на политичките притисоци

Петковска: За заканите мора да има исти аршини – и за премиерот и за граѓаните