Утрински Весник
Македонија

Облачно со утринска магла, приквечер локални врнежи од дожд

Esen 5.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје, исто така, се очекува претежно облачно време со слаб јужен ветер. Минималната температура според најавите ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

Синоптичарите најавуваат дека под влијание на серија од влажни воздушни бранови, од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Се очекува минималните температури да бидат насекаде позитивни.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец