Утрински Весник
Скопје

Ѓеорѓиевски: Вечерва беше една од најубавите во мојот живот

Img 2254.jpeg

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, заедно со сопругата, присуствуваше на инклузивната танцова претстава „Сонот на едно дете“, во организација на танцовото студио „Еурека“.

Со над 280 учесници, сцената беше исполнета со емоции, енергија и љубов, а централната улога ја имаа децата и лицата со попреченост. Претставата покажа дека инклузивноста не е само идеја, туку вредност која треба да се негува секојдневно преку дела и посветеност.

Ѓеорѓиевски истакна дека градот Скопје е целосно посветен на поддршка на инклузивноста, отворање простор за талентираните деца и создавање средина каде секое дете е прифатено, ценето и охрабрено да биде она што е.

„Најубавите моменти во животот се оние кои нè потсетуваат колку е важно да бидеме човечни, обединети и да веруваме во љубовта која сите нè спојува“, заклучи градоначалникот.

Можете да прочитате

Град Скопје ја реконструира пешачката патека долж улицата „Ѓорче Петров”

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

Пријавувањето за HalkEco Skopje Run 10К завршува на 29 април