Утрински Весник
Свет

Земјоделците и денес ги блокираа патиштата во Грција

Grcija 1.jpg

Грчките земјоделци и денес го изразија своето незадоволство одржувајќи протести поради доцнење на исплатата на субвенциите од ЕУ. Протестираа во Солун каде колони од трактори стигнаа со наплатната рампа Малгара и го блокираа сообраќајот на националниот автопат кон Атина. Полицијата првично го затвори пристапот до автопатот кај кружницата Малгара и не дозволија тракторите да поминат, но подоцна конвојот, во придружба на полицијата, стигна до наплатната рампа и постави блокада, јавува грчкиот канал ЕРТ.

Околу 11.20 часот правецот кон Атина беше затворен, а кратко потоа двата правци од националниот пат беа затворени.

Во исто време, има голема мобилизација меѓу земјоделците од источен Солун, кои најавија дека ќе им се придружат на своите колеги од Халкидик на заедничка блокада в среда.

Во меѓувреме, земјоделците во целата земја ги блокираа клучните национални патишта во знак на протест поради, како што велат, високите трошоци за производство, ниските цени за купување и доцнењата во владините плаќања, објави „Јуроњуз“.

На автопатот Атина – Солун, во областа Лариса, блокадата целосно го запре сообраќајот во текот на денот, а полицијата ги пренасочуваше возилата кон алтернативни патишта.

Земјоделските здруженија најавија дека, доколку не добијат одговор на нивните барања, протестите ќе бидат проширени.

Можете да прочитате

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков: Се товари за девет убиства со елементи на тероризам

Израелски министер: Нашата мисија во Иран не е завршена

Русија ги интензивира нападите, 250.000 Украинци без струја